''За истоименото село, видете Куклиш.
Општина Куклиш — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена со Општина Струмица. Седиште на општината било селото Куклиш.
Населени места Во Општина Куклиш спаѓале следниве села: Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Орманли, Раборци, Свидовица, Три Води и Чепели.
Население Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината Куклиш брои 4.449 жители, од кои:
националност број Македонци 4.231 Турци 212 Срби 4 останати 2
Поврзано
Општини во Македонија Општина Струмица Куклиш
Наводи
Куклиш