Тодор Митров (роден на година во Миравци) — македонски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет – Скопје.
Животопис
Митров се вработил на Градежниот факултет – Скопје во 1956 година, како асистент, а потоа како доцент, вонреден и редовен професор држел настава по предметите Хидрогеологија, Инженерска геологија и Механика на почви и карпи, сè до неговото пензионирање во 1988 година. Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај педагошката активност, неговата научна дејност била насочена во остварување на голем број научно-истражувачки проекти од областа на хидрогеологијата, геотермијата и инженерската геологија, а резултатите ги претставувал на конгреси, симпозиуми и ги објавувал.
Наводи
Категорија:Луѓе од Миравци Категорија:Македонски инженери Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски инженери Категорија:Југословенски универзитетски професори