е традиционална јапонска уметност на раскажување приказни на сцена. Се состои од еден раскажувач т.н. ракугоке (落語家) облечен во традиционална јапонска носија кој седи пред публиката и ја раскажува приказната низ дијалог, прилагодувајќи го гласот, мимиките и начинот на говор на ликовите од приказната. На сцена како помош може да користи хартиено ладало (сенсу 扇子) и парче ткаенина (тенгуи 手拭) додека цело време седи во сеиза поза на подлога со назив коза (高座). Траењето на изведбата зависи од должината на приказната која секогаш по правило мора да има дијалог од двајца или повеќе луѓе кои изведувачот мора да ги подражава менувајќи го тонот и висината на гласот но и со вртење на главата имитирајќи израз на лицето кои ликот во тој момент мора да го има. thumb|350px|right|Изведувач на ракуго на Санма фестивалот
Наводи
Надворешни врски
Rakugo: Performing Comedy and Cultural Heritage in Contemporary Tokyo Ракуго први пут у Београду - Дајен Кићиђицу Најава за долазак јапанског ракуго уметника Санјутеи Ракумара у Београд Англиско мрежно место за ракуго Видео примери на ракуго на Јутуб Ракуго на англиски - SFGTV San Francisco Двојазично ракуго мрежно место Есеј за разликите на ракуго во Токио и Осака Учење на јапански јазик преку културата ракуго
Категорија:Јапонски театар Категорија:Јапонска култура Категорија:Театар Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ