Симеон Наумоски (роден во година во ) — македонски технолог и стопанственик.
Животопис Симеон Наумоски дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1964 година. Работел во повеќе фабрики, а бил и професор во средно училиште. Во 1974 година станал генерален директор на фабриката „Витаминка“ во Прилеп, која под негово водство од мала, неразвиена и задолжена работилница за црвен пипер прераснала во модерен капацитет на прехранбената индустрија на Македонија, присутна низ светот. Бил пратеник во Собранието на РМ во 2 мандата, член на делегацијата на Македонија и функционер во Собранието на СФРЈ.
Наводи
Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски технолози Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998