За истоименото село, видете Орашац.

Општина Орашац (или Општина Орашец) — поранешна општина во Североисточна Македонија. Оваа општина била создадена во 1996 година, а укината согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Куманово. Седиште на општината било селото Орашац.

Населени места

Во Општина Орашац спаѓале следниве села: Габреш, Градиште, Живиње, К’шање, Кокошиње, Колицко, Кутлибег, Кучкарево, Новосељане, Орашац, Пезово и Скачковце.

Население Според последниот попис од 2002 година, општината Орашац брои 1.252 жители, од кои:

националност број Македонци 1.238 Турци 1 Срби 13

Наводи

Поврзано

Општини во Македонија Општина Куманово Орашац

Орашац Орашац Орашац