Стар Бунар — археолошко наоѓалиште во штипското село Балталија. Претставува базилика од старохристијанско време Штип. Под селото, на десната страна на широкото речно корито, во ливадата на К. Младенов се насетуваат темели од ѕидови кои формираат основа на објект со димензии од 18 × 10 м, поставен во правец исток-запад. Димензиите, насоченоста и деловите од архитравна греда наведуваат на претпоставка за постоење на остатоци од базиликален објект.
Поврзано Стар Бунар — базилика од старохристијанско време; Балталија; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Балталија