Јумруташ — утврдување од доцноантичко време. Претставува висок рид што се издига над местото Крст во селото Голем Габер, Штипско. На врвот има висорамнинка со површина од околу 30 декара. Според кажувањето на Таир Демир и Анифи Бекиров, пред повеќе децении постоеле остатоци од ѕидови, кои го опкружувале целото плато, а во 1912/13 година бил откопан голем питос. Денес на површината се забележуваат само помали грамади од камења и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Крст — некропола од доцноантичко време
Наводи
Категорија:Голем Габер