Основно училиште „Мурат Лабуништи“ (во минатото: Основно училиште „Маршал Тито“; официјално: Основно општинско училиште „Мурат Лабуништи“ - Лабуништа; скратено: ООУ „Мурат Лабуништи“) — централно основно училиште во селото Лабуништа, Општина Струга.

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Лабуништа.

Училиштето е именувано по контроверзниот револуционер Мурат Лабуништа.

Именување

Училиштето во минатото го носело името „Маршал Тито“.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Лабуништа, во непосредна близина на селската црква „Св. Никола“.

Историја

Училиштето било реновирано во текот на 2016 година, кога Министерството за образование на наука извршило замена на старите и дотраени прозорци со нови.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Лабуништа Категорија:Лабуништа Категорија:Основни училишта во Македонија