Варијанта — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Давидово. Претставува населба и некропола од доцната антика. На 2,5 км северно од селото, по површината на нивите се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Откриени се и неколку гробови градени од камени плочи.

Поврзано Брест — населба од доцноантичко време; Варијанта — населба и некропола од доцноантичкото време; Градиште — населба од римското време; Гробишта - Река — доцноантичка некропола; Селиште — доцноантичка населба; Давидово; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Давидово