Гу наречен и Гун во митологијата на народот Фон се смета за петородениот син на богот творец Маву-Лиза кој се опишува како битие со една женска (Маву, божица на Месечината) и една машка (Лиза, бог на Сонцето) страна. Гу наречен исто така и Егу, воин, ловец и бог на железото, зазема централно место во верувањата на народите Еве и Фон.

Одлики Гу бил бог на железото, на војната, на оружјето и на алатките. Тој наместо глава имал меч. Творецот му рекол дека тој ја претставува неговата сила и затоа не му требало глава. Гу бил заштитник на ковачите и на занаетчиството, а со тоа, тој е еквивалент на богот Хефест во старогрчката митологија. Тој на луѓето им ги подарил алатките и ги научил како да го обработуваат железото. Во еден од митовите, Лиза, машкиот аспект на богот-творец го испратил Гу на земјата за да го направи светот попријатен за живеење на луѓето. Гу ги расчистил дрвјата и им ги овозможил полињата и ги подучил луѓето како да ја обработуваат земјата.

Тој бил корисен и во поправањето работи, па на земјата ги подучил луѓето на вештината на ковањето. Луѓето биле толку восхитени што тој веднаш добил статус на африкански бог на железото и на занаетчиството.

Според митот на народот Фон од Бенин, Гу дошол на земјата во форма на железен меч, а потоа станал ковач. Неговата задача била да го подготви светот за луѓето. Тој ги научил луѓето како да прават алатки, што пак им овозможило да одгледуваат храна и да градат засолништа.

Поврзано

Список на африкански митолошки фигури

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Африканска митологија