Куќа на Паунови — поранешна куќа во градот Велес, Македонија. Куќата била изградена во староградски стил во 1868 година, додека во 2019 година била опфатена од пожар и целосно срушена.

Градбата е прогласена за културно наследство на Македонија.

Историја

Куќата на Паунови се наоѓа во велешкото маало Прцорек, на улица ул. „Јован Наумов - Алабакот“ бр. 10. Изградена е во 1868 година, во месноста Варналиите заедно со соседните Куќа на Тренчови, Куќа на Чокалови и Куќа на Прнарови.

Во овој комплекс од куќи биле снимени сцени од филмот „Мис Стон“ а се појавуваат и на македонската туристичка кампања „Македонија Вечна“ во режија на Милчо Манчевски.

На 20 декември 2019 година во куќата избувнало пожар, по кое куќата била целосно опожарена и срушена. Од пожарот починал и сопственикот на куќата Миле Паунов. Од пожарот била оштетена и соседната куќа на Маневи, која исто така била срушена. Веднаш по пожарот, Управата за заштита на културното наследство му наложила на одделот на Конзерваторскиот центар надлежен за Велес да ги сними објектите и да направи проект за реконструкција на изгорените куќи на Паунови и Маневи.

Архитектура

Основата на куќата била правилна и се развивала на три нивоа. Куќата била пространа, составена од приземје и два ката. На неа доминирале чардакот и прозорците. Особено бил впечатлив ентериерот во кој доминирале детали од традиционалниот староградски стил.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Паунови Категорија:Знаменитости во Велес Паунови Категорија:Престаноци во 2019 година во Македонија Категорија:Македонската архитектура во 1868 година