Педро Мигел Кареиро Ресендес (роден на 28 април 1973 година, во Понта Делгада), попознат како Паулета, е португалски поранешен фудбалер, .
Технички карактеристики Како плоден стрелец, Паулета важел за еден од најдобрите напаѓачи во Европа на својата генерација. Обично играл како осамен напаѓач или во тандем со партнер и претставувал комбинација на подвижност, атлетизам и солидна техника. Неговите најголеми квалитети биле подеднакво добрата игра со двете нозе, силата во воздушните двобои и одличната игра со глава.
Клупска кариера Во Португалија Наменет за работа како рибар, тој наместо тоа се одлучил да му се посвети на фудбалот. Својата кариера Паулета ја започнал во татковината, играјќи за нисколигашот Униао Микаеленсе две години пред да се пресели во Ешторил во 1995 година, каде постигнал 18 гола на 29 настапи во втора португалска лига.
Саламанка и Депортиво Ла Коруња Подоцна тој се пресели во соседната Шпанија, каде играл прво за Саламанка, а потоа и за Депортиво Ла Коруња.
Во својата прва сезона во Саламанка тој постигнал 19 гола, давајќи огромен придонес за промоцијата во Примера Дивисион. Следната сезона тој постигнал 15 гола во елитното шпанско фудбалско првенство со кои му помогнал на клубот да го избегне испаѓањето за само еден бод.
Во летото 1998, тој потпишал за Депортиво Ла Коруња. Во неговата втора сезона со Депортиво, тој го освоил шпанското првенство придонесувајќи за титулата со 8 гола. Сепак, силната конкуренција во нападот на галицијците во лицето на Рој Макај и Диего Тристан, го натерала Паулета да го напушти клубот во летниот трансферен прозорец 2000 година, неколку дена по освојувањето на својата втора титула со клубот, Суперкупот на Шпанија.
Бордо и Париз Сен Жермен thumb|Паулета во дресот на во 2007 година. На 1 септември 2000, Паулета потпишал за францускиот Бордо. Искуството во Лига 1 се покажало многу посреќно за него и Паулета започнал да го исполнува својот потенцијал: во првата сезона постигнал 20 голови, а веќе во неговата втора сезона (2001-2002) бил најдобар стрелец во првенството со 22 гола колку што имал и Џибрил Сисе од Осер. Исто така, за време на сезоната 2001-2002, тој го освоил Лига купот на Франција со својата екипа, постигнувајќи два гола во финалето при победата со 3-0 над .Season 2001/2002 League Cup Final – Match Stats; at French League Конечно, тој бил избран и за фудбалер на годината во Франција за спомената сезона. Во неговата трета сезона со Бордо, тој го поправил за еден гол својот рекорд од претходната сезона, завршувајќи ја сезоната 2002-2003 со 23 гола и уште еднаш бил избран за фудбалер на годината. Вкупно за Бордо одиграл 130 натпревари и постигнал 91 гол.
Пред почетокот на сезоната 2003-2004, Паулета потпишал тригодишен договор со во трансфер вреден 12 милиони евра.Pauleta prize for PSG ; UEFA, 10 July 2003 Во неговата прва сезона тој им помогнал на Парижаните да го освојат Купот на Франција, нивниот прв трофеј после 6 години, постигнувајќи го единствениот гол во финалето во победата со 1-0 над Шатору. Подоцна, тој освоил уште еден Куп на Франција во сезоната 2005-2006 како и Лига купот на Франција во неговата последна сезона во клубот (2007-2008). Својот последен натпревар во кариерата Паулета го одиграл на 17 мај 2008, во гостинската победа со 1-2 против Сошо, по што објавил дека ја завршува својата кариера. За екипата од главниот град постигнал преку 100 голови, со кој поставил рекорд за најмногу погодоци за ПСЖ (подоцна надминат од Златан Ибрахимовиќ и Единсон Кавани во 2015 и 2018 година).
Кон крајот на мај 2009 година, Паулета го одигра својот проштален натпревар на Паркот на принцовите, играјќи по едно полувреме за тимот на пријателите и ПСЖ - поранешни и сегашни - играчи. Подоцна тој бил заменет од неговиот 13-годишен син Андре, кој ги постигнал последните два гола во натпреварот.Résumé du jubilé de Pauleta (Pauleta's testimonial sumup); PSG en Force, 31 May 2009
Репрезентативна кариера Паулета дебитирал за португалската репрезентација во 1997 година, во квалификациски натпревар за Светското првенство 1998 против . Неговите први два репрезентативни голови дошле во победата со 7-0 на домашен терен против во квалификациите за Европското првенство 2000. Откако португалците се квалификувале на завршниот европски турнир во Белгија и Холандија, Паулета бил повикан да учествува со репрезентацијата, главно започнувајќи ги натпреварите на клупата за резерви; својот единствен настап на турнирот го имал во третото коло од групата, при победата над со 3-0.
За разлика од Европското првенство 2000, на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја Паулета бил прв напаѓач на Португалија и играл во сите натпревари; тој постигнал хет-трик во победата со 3-0 над во вториот натпревар од групата,Portugal back on track; BBC Sport, 10 June 2002 но португалците разочарале на првенството не успевајќи да ја минат групната фаза. На Европското првенство на домашен терен, португалците имале големи очекувања и надежи во Паулета, но наместо тоа тој одиграл разочарувачки турнир. Иако го започнал секој натпревар освен четвртфиналето (во кое бил суспендиран заради жолти картони), Паулета не постигнал ниту еден гол на патот на својата репрезентација до финалето на турнирот во кое биле поразени од . По ова првенство, тој бил назначен за капитен на Португалија, по збогувањата со националниот дрес на Руи Кошта, Фернандо Коуто и Луис Фиго, меѓутоа таа улога ја имал многу кратко се враќањето во репрезентацијата на Фиго.
На 12 октомври 2005 година, со двата гола во победата од 3-0 над во квалификациите за Светското првенство 2006, Паулета станал најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, надминувајќи го претходниот рекорд на Еузебио од 41 гол.Pauleta dethrones "The King" ; UEFA, 13 October 2005 Тој исто така бил најдобар стрелец во Европските квалификации со 11 постигнати гола, помагајќи и на својата земја да се квалификува за турнирот во Германија. На Светското првенство 2006, Паулета го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на турнирот со кој Португалија ја победила со 1-0. Сепак, тоа бил неговиот единствен гол на овој мундијал, на кој португалците го освоиле четвртото место после поразот од домаќинот Германија во натпреварот за третото место. Веднаш потоа Паулета го најавил своето повлекување од репрезентацијата.
Вкупно за португалската репрезентација Паулета има 88 настапи и 47 гола. Во моментов тој е втор стрелец на Португалија зад Кристијано Роналдо.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 8 септември 2020. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1995-1996 Ешторил СД 29 18 КП 4 5 - - - - - - 33 23 1996-1997 Саламанка СД 37 19 КШ 3 0 - - - - - - 40 19 1997-1998 ПД 34 15 КШ 1 0 - - - - - - 35 15Вкупно Саламанка 71 34 4 0 - - - - 75 341998-1999 Депортиво Ла Коруња ПД 28 10 КШ 9 1 - - - - - - 37 11 1999-2000 ПД 30 8 КШ 3 0 КУ 7 3 - - - 40 11 сеп. 2000 ПД 0 0 КШ 0 0 ЛШ - - СШ 1 0 1 0Вкупно Депортиво Ла Коруња 58 18 12 1 7 3 1 0 78 22 сеп. 2000-2001 Бордо Д1 28 20 КФ+ЛКФ 1+1 3+0 КУ 7 3 - - - 37 26 2001-2002 Л1 33 22 КФ+ЛКФ 2+4 4+4 КУ 6 5 - - - 45 35 2002-2003 Л1 37 23 КФ+ЛКФ 5+2 5+1 КУ 4 1 - - - 48 30Вкупно Бордо 98 65 15 17 17 9 - - 130 91 2003-2004 Л1 37 18 КФ+ЛКФ 6+0 5 - - - - - - 43 23 2004-2005 Л1 35 14 КФ+ЛКФ 2+0 4 ЛШ 6 1 СФ 1 0 44 19 2005-2006 Л1 36 21 КФ+ЛКФ 6+2 5+2 - - - - - - 44 28 2006-2007 Л1 33 15 КФ+ЛКФ 3+2 1+2 КУ 9 6 - - - 47 24 2007-2008 Л1 27 8 КФ+ЛКФ 2+5 1+6 - - - - - - 34 15Вкупно Париз Сен Жермен 168 76 28 26 15 7 1 0 212 109Вкупно во кариерата 424 211 63 49 39 19 2 0 528 279
Репрезентативна статистика Извор: Фудбалска репрезентација на ПортугалијаГод.НастГол19973019981019997320009220011072002117200312820041492005127200694Вкупно8847
Титули
Клупски Депортиво Ла Коруња Примера Дивисон : 1 1999-2000.
Суперкуп на Шпанија : 1 2000
Бордо Лига куп на Франција : 5 2001-2002
Париз Сен Жермен Куп на Франција : 2 2003–2004, 2005–2006
Поединечни Најдобар стрелец во Сегунда Дивисао : 1 1995–1996 (18 гола) Најдобар стрелец во Сегунда Дивисион : 1 1996–1997 (19 гола) Најдобар стрелец во Лига 1 : 3 2001–2002 (22 гола; изедначен со Џибрил Сисе), 2005–2006 (21 гол), 2006–2007 (15 гола) Фудбалер на годината во Франција според НСПФ Најдобар фудбалер на годината во Дивисион 1/Лига 1 : 2001–2002, 2002–2003 Тим на годината во Лига 1 : 2002–2003, 2005–2006
Наводи
Надворешни врски
Паулета на soccerway Паулета на transfermarkt Паулета на espn Паулета на whoscored Паулета на zerozero
Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Депортиво Ла Коруња Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година