мини Карлсон од покривот или Карлсон кој живее на покривот (шведски: Lillebror och Karlsson på taket) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1955 година.

Содржина Повеста се состои од следниве глави:Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978. Карлсон што живее на покривот Карлсон гради кула Карлсон си игра на шатор Карлсон се обложува Палавштините на Карлсон Карлсон - сениште Карлсон игра на сцена со дресираното куче Алберг Карлсон на роденден

Изданија на македонски јазик Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.

Наводи

Категорија:Дела на Астрид Линдгрен Категорија:Книги од 1955 година Категорија:изданија на Детска радост