Основно училиште „Неџати Зекерија“ (службено: Основно општинско училиште „Неџати Зекерија“ - Коџаџик; скратено: ООУ „Неџати Зекерија“) — централно основно училиште во дебарското село Коџаџик, Општина Центар Жупа.

Училиштето е именувано по турскиот писател Неџати Зекерија.

Историја

Училиштето било изградено во 1988 година.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на турски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Неџати Зекерија“ - Брештани, подрачно училиште; ПУ „Неџати Зекерија“ - Долгаш, подрачно училиште; ПУ „Неџати Зекерија“ - Елевци, подрачно училиште; ПУ „Неџати Зекерија“ - Новак, подрачно училиште; и ПУ „Неџати Зекерија“ - Праленик, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Центар Жупа Коџаџик Категорија:Коџаџик Категорија:Основни училишта во Македонија