Битката кај Велбужд (; ) е битка што се случила меѓу бугарските и српските војски на 28 јули 1330 година, во близина на градот Велбужд (денешен Ќустендил).

Битката лево|300px|thumb|Карта на Балканот во 1355. Србија ја достигнала најголемата експанзија после Битката кај Велбужд.

Зголемената моќ на Српското Кралство од крајот на 13 век предизвикала сериозна загриженост кај традиционалните балкански сили Бугарија и Византиското Царство кои се согласиле за заеднички воени акции против Србија во 1327 година. Три години подоцна најголемиот дел од бугарските и српските војски се судриле кај Велбужд и Бугарите биле изненадени. Српската победа го обликувала односот на силите на Балканот во следните две децении. Бугарите не изгубиле територија по битката, но не биле во можност да го запрат српскиот напредок кон Македонија. Србија успеала да ја освои Македонија и делови од Тесалија и Епир достигнувајќи најголема територијална експанзија дотогаш. Нивниот нов крал Стефан Душан бил крунисан за император со бугарска помош во 1346 година.

Сепак, неколку децении по смртта на Душан во 1355 година, неговата империја се распаднала како и Бугарија по смртта на Јован Александар во 1371 година и двете држави биле уништени од отоманските Турци.

Наводи

Категорија:Србија во 14 век Категорија:Бугарија во 14 век Категорија:Битки на Второто Бугарско Царство Категорија:CS1-одржување: ref=harv