Дрвото на животот (англиски: The Tree of Life) - американски филм од 2011 година, во режија на Теренс Малик, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Бред Пит, Шон Пен, Џесика Честејн, Хантер Мек Крекен, Фиона Шо итн.IMDb, The Tree of Life (2011) (пристапено на 19.9.2020) Филмот постигнал голем успех кај филмската критика, освојувајќи дури 117 награди, меѓу кои и „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал.The Tree of Life (2011)Awards (пристапено на 19.9.2020)
Синопсис Во филмот се прикажува животот на семејството О’Браен во Тексас, во текот на 1950-тите. На почетокот од филмот, таткото (го игра Пит) и мајката (ја игра Честејн) посебно дознаваат за смртта на нивниот 19-годишен син и тој настан предизвикува кошмар во нивниот живот. Потоа, дејствието се префрла во сегашноста, прикажувајќи го најстариот син Џек (го игра Пен), кој е успешен архитект. Тој започнува да се сеќава на детството и на младоста. Притоа, младиот Џек (го игра Мек Крекен) расте во сенката на авторитативниот татко, кој упорно настојува да ги направи своите синови силни, сметајќи дека тоа е услов за успех во животот. По смртта на еден негов другар, адолесцентот Џек го менува односот кон родителите и почнува отворено да им се спротивставува, а за време на службеното патување на татко му, Џек покажува знаци на агресивно однесување. Подоцна, татко му останува без работа и семејството мора да се пресели. Дури тогаш, таткото го преиспитува своето однесување и му се извинува на Џек за грубостите. На крајот од филмот, возрасниот Џек има визија во која на еден песочен брег ги среќава сите луѓе кои познавал во животот, вклучувајќи го и умрениот брат кој потоа заминува на небото.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2011 година Категорија:Филмови на Теренс Малик Категорија:Филмови со Бред Пит Категорија:Филмови со Шон Пен Категорија:Филмови со Џесика Честејн Категорија:Филмови со Хантер Мек Крекен Категорија:Филмови со Фиона Шо Категорија:Добитници на Златната палма Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Тексас