Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Општинско основно училиште „Пере Тошев“ — Росоман; скратено: ООУ „Пере Тошев“) — централно основно училиште во тиквешкото село Росоман, Општина Росоман.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Росоман.

Историја

Училиштето било изградено во 1972 година.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта: ПУ „Пере Тошев“ - Дебриште, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување); ПУ „Пере Тошев“ - Камен Дол, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување); ПУ „Пере Тошев“ - Манастирец, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Пере Тошев“ - Паликура, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Пере Тошев“ - Сирково, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Пере Тошев“ - Трстеник, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Росоман Росоман Категорија:Росоман Категорија:Основни училишта во Македонија