Млаки — историско село во областа Долен Полог, во Општина Брвеница, Тетовско.
Местото се наоѓа на атарската граница меѓу селата Милетино и Челопек, во месноста денес наречена Млака.Млака — GeoNames Самата месност се води во атарската граница на Милетино.
Денес, на местото на некогашното село повторно се градат нови куќи.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на местоположбата на Млаки
Селото било мало, сместено југоисточно од Челопек. По неговото пропаѓање, таму се наоѓале челопечките лозја.
Селото се наоѓало во областа Долни Полог, крај рекичката Света, десна притока на Вардар. Денес, месноста е јужно од Челопек, иако според кажувањата на потомците на неговите жители, самите куќи биле југоисточно од него.
Историја
Се претпоставува дека местото е населено уште од стариот век, водејќи се по пронајдениот варовнички аголен камен од градба од раноантичко време. Селото не се споменува по име во османлиските документи, но во дефтерот за 1568/69 година забележан е посебен дел од Челопек со четири семејства, што можеби се однесува на Млаки како негово маало, или пак како одделно село со испуштено име.
Селото е напуштено некаде на почетокот или кон средината на XIX век, бидејќи било мошне мало и не можело да се одбрани од зачестените напади и грабежи. Неговото население се преселило во соседното Челопек, па така воедно го задржале и имотот на старото село.
Население Родови
Млаки било православно македонско селце.
Според истражувањата на Јован Трифуноски се знае за следниве родови од селото: Веселкои (6 к.) и Русинои (4 к.), кои кажуваат дека се иселиле релативно рано. Од нивните родови, по едно семејство заминало во Романија.
Поврзано Општина Тетово Долен Полог
Наводи
† † Категорија:Историски села во Македонија Челопек Категорија:Милетино