Стајковце — историско село на територијата на Општина Желино. Местото се наоѓа во источниот крај на атарот на с. Требош, во месноста денес наречена СтојковциСтојковци — GeoNames.
Географија Селото се наоѓало во областа Долни Полог, североисточно од Требош и југозападно од Жилче. Во минатото недалеку од селото течела Поројска Река, која пресушува во дел од годината.
Историја Преданието на селото од околните мештани му било пренесено на истражувачот Јован Трифуноски во 1947 г. Познато е дека Стајковце постои уште од средниот век. Се споменува во турските документи од крајот на XV и од XVI век, како даночен обврзник за повремена работа на една воденица, што се совпаѓа со претпоставката за близината на Поројска Река.
Во османлиските документи од 1452/53 г. Стајковце е заведено како место со 8 семејства и 1 неженет. Исто толку имало и во пописот на Иса-бег Исаковиќ од 1455 г. Според дефтерот за 1467/68 г. селото имало 12 семејства, кои во 1568/69 г. се намалиле на 6 семејства.
Се претпоставува дека Стајковце е раселено некаде на почетокот или во текот на XIX век.
Поврзано Долни Полог
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Требош