Основно училиште „Ристе Ристески“ (службено: Основно општинско училиште „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти; скратено: ООУ „Ристе Ристески“) — централно основно училиште во дебарското село Долно Косоврасти, Општина Дебар.

Училиштето е именувано по народниот херој Ристе Ристески.

Историја

Училиштето е изградено во 1966 година, кога е изградено од типот на монтажна градба. Во почетокот на ова основно училиште учеле ученици од селата Долно Косоврасти, Горно Косоврасти и Могорче сѐ до 1975 година, кога во селото Могорче било изградено ново подрачно училиште, кое го добило името „Мирче Ацев“, кое и денеска постои како подрачно основно училиште во склоп на основното училиште и се изведува настава на македонски наставен јазик. Во 1995 година, во селото Горно Косоврасти било изградено подрачното училиште „Коле Канински“, исто така со македонски наставен јазик.

Во училиштето има 36 паралелки со настава на македонски јазик.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Мирче Ацев“ - Могорче, подрачно училиште; и ПУ „Коле Канински“ - Горно Косоврасти, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Службена страница на ООУ „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти

Категорија:Основни училишта во Општина Дебар Долно Косоврасти Категорија:Долно Косоврасти Категорија:Основни училишта во Македонија