Костурски музеј на народната носија () — музеј во Костур, Егејска Македонија, посветен на народната носија.Costume Museum, Kastoria. The Museums of Macedonia.Mουσείο Ενδυματολογίας . Οδηγός Καστοριάς.

Местоположба и историја Музејот е сместен во родната куќа на браќата револуционери Панајотис и Јоанис Емануил од XVIII век, којашто се наоѓа на почетокот на маалото Долца, крај Костурското Езеро. Музејот е отворен во 1999 година и е под раководство на друштвото „Хармонија“.

Содржина Целта на музејот е да запознава со традиционалните носии во Костур и Костурско до XX век. На првиот кат се изложени женски носии од околните села, како на пример Нестрам. На вториот кат се градските носии, како на пример џуба (секојдневна женска облека во сино), антерија (секојдневна женска облека со кафеави риги), празнична носија од XVIII век во кафеаво, машка антерија без елек и со фес, прислужничка униформа од фабричка коприна, детски носии, кожни палта и др. Изложени се и многубројни додатоци, како чорапи, колани, пафти, накит и монети.

Галерија

Поврзано Носии од Костурско

Наводи

Категорија:Македонски народни носии Категорија:Музеи во Костур