Џанлука Фработа (роден на 24 јуни 1999 година, во Рим) — италијански фудбалер, на .

Клупска кариера Првите фудбалски чекори ги направил во екипата Савио Калчо, клуб од главниот град сместен во областа Пренестино-Лабикано. На 15-годишна возраст, тој бил забележан од скаути на , кои го приклучиле во тимот до 17 години. Неговите добри перформанси му донеле прогрес во Примавера тимот на Болоња, каде тој го продолжил својот развој. Во сезоната 2016-2017, тој бил повикан од тогашниот тренер на првиот тим Роберто Донадони, за натпреварот од Купот на Италија против , во кој, сепак, тој останал на клупата како неискористена замена. Следната сезона, тој бил повикан во два натпревари од Серија А, но како и при првиот повик така и во овие натпревари останал неискористена замена и не добил можност да дебитира за првиот тим на Рособлу.

Пред почетокот на сезоната 2018-2019, Фработа бил позајмен на Ренате во Серија Ц, каде го направил своето деби како професионалец, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џакомо Качин во првото коло од Купот на Италија, против Рецато во поразот со 0-2 на домашен терен. На 16 септември, дебитирал во Серија Ц играјќи како стартер во гостинската победа над Самбенедетесе. После 14 настапи за Ренате, во јануари 2019 Фработа се вратил во Болоња, а оттаму бил проследен на нов заем во Порденоне. За фриуланците тој забележал 7 настапи во 6 месеци, придонесувајќи за нивната историска промоција во Серија Б.

Во летото 2019 година, отакако бил забележан од , Фработа потпишал за славниот клуб од Торино приклучувајќи се на нивниот тим под 23 години. Во првата сезона со Јувентус У23 тој го освоил Купот на Италија за екипи од Серија Ц, откако ја совладале во финалето со 2-1.

По одличната сезона со тимот под 23 години, во завршницата од сезоната 2019-2020 во Серија А, Фработа бил повикан од тренерот Маурицио Сари за последните два натпревари од првенството. Откако на гостувањето кај останал неискористена замена, во последното коло во поразот со 1-3 од на домашен терен, Фработа го направил своето деби во Серија А за првиот тим на Јувентус играјќи го целиот натпревар.

На 20 септември 2020, го одиграл својот втор натпревар за Јувентус, во победата со 3-0 на домашен терен против , во првото коло од Серија А 2020-2021. По солидната минутажа на почетокот од сезоната, неговите настапи станале се поретки по враќањето од повредата на почетниот лев бек Алекс Сандро. Сепак, на 4 ноември 2020, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 1-4 на гостувањето кај Ференцварош, влегувајќи како замена во последните 15-тина минути на местото на Хуан Квадрадо. Откако Алекс Сандро бил позитивен на тест за COVID-19, по пауза од повеќе од месец дена Фработа повторно се нашол во почетната постава на Јувентус за дербито против Милан и неговиот настап бил солидно оценет во победата на бјанконерите со 1-3.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 септември 2020. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-јан. 2019 Ренате Ц 12 0 КИ+КИ-Ц 1+1 0 - - - - - - 14 0 јан.-јун. 2019 Порденоне Ц 5 0 КИ+КИ-Ц - - - - - СЦ 2 0 7 0 2019-2020 Јувентус У23 Ц 18+2 0+1 КИ-Ц 6 0 - - - - - - 26 1 2019-2020 Јувентус А 1 0 КИ - - ЛШ - - СИ - - 1 0 2020-2021 A 10 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 СИ - - 11 0Вкупно Јувентус 11 0 0 0 - - - - 12 0Вкупно во кариерата 48 1 8 0 1 0 2 0 59 1

Титули Порденоне Серија Ц : 1 2018-2019 (група Б) Суперкуп на Италија - Серија Ц : 1 2019

Јувентус У23 Куп на Италија - Серија Ц : 1 2019-2020

Јувентус Серија А : 1 2019-2020 Куп на Италија : 1 2020-2021 Суперкуп на Италија : 1 2020

Наводи

Надворешни врски Џанлука Фработа на soccerway Џанлука Фработа на transfermarkt

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на Порденоне Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Фрозиноне Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година