Јелка Масин-Спасовска ( во — во ) — македонска лекарка, интернист-нефролог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Животопис

Родена е на 7 март 1964 година во Охрид. Средно образование завршила во Скопје, а високо образвование завршила на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1991 година. Во 1992 година се запишала на магистерски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, а во мај 1999 година го одбранила магистерскиот труд на тема: „Динамика на промените на плазма-вискозноста и фибронектинот кај хипертензија индуцирана со гравидитет“. Докторирала на 9 јануари 2009 година на истиот факултет.

На Медицинскиот факултет во Скопје во јуни 1994 година е избрана во звањето помлад асистент. Од јуни 2000 година е избрана во звањето асистент од областа интерна медицина. Во мај 2010 година е избрана во звањето научен соработник од областа на интерна медицина. За виш научен соработник е избрана во 2015 година и за вонреден професор е избрана на 22 декември 2015 година.

Изведувала настава на студиските програми од прв и втор циклус студии, учествувала во континураната обука за лекари за водење на акутна и хронична дијализа, лекари-стажанти и лекари од примарното здравство. Активно била вклучена како ментор и едукатор на специјализантите по интерна медицина. Има објавено 74 научни труда од нефролошката трансплантациска област, од кои 33 печатени трудови, 10 научни труда во научни списанија со фактор на влијание, 20 труда во меѓународни научни списанија, 1 труд во меѓународна научна публикација, 2 труда со оригинални научни резултати објавени во научно стручно списание и 41 труд во зборници од научни собири.

Била член на повеќе национални, балкански, европски и меѓународни здруженија.

Смрт

Јелка Масин-Спасовска починала на 9 мај 2017 година во неразјаснети околности, кои ја бранувале јавноста скоро цела година. На крајот, Јавното обвинителство го затворило предметот како „самоубиство“.

Наводи

Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски нефролози Категорија:Македонски универзитетски професори