„Чалгија саунд систем“ — музички албум на истоимената македонска музичка група. Албумот е објавен во 2010 година од издавачката куќа „Профундус“
Содржина Албумот содржи 18 песни:Чалгија саунд систем, PFCD 0110 ZAMP, 2010. Стојана мајка учеше Ајде вино пијам Кажи Јано, кажи душо Марие, млада невесто Не виткај се, Софче Дафино, вино црвено Старо чалгиско оро Антице, џанам душице Ој Ѓорушице Ајде дали знаеш, паметиш Милице Севдалино, малој моме По друм одам Мори чупи костурчанки Твојте очи, Лено Одење по невестата Кица мома моле бога Ој Зарино Апсана ме кладе
Технички одлики Албумот е снимен во живо на телевизијата „Алфа“, на 18 декември 2009 година. Снимател бил Ален Хаџи-Стефанов, а миксот и мастерингот ги направил Доријан Јовановиќ во студиото „Профундус“. Аранжманите на сите песни се дело на групата, освен четвртата и петтата песна кои ги аранжирал Мате Грујоски. Сите песни се отсвирени од групата, која е и продуцент на албумот. Автор на дизајнот на обвивката на албумот и на логото е Ладислав Цветковски.
Наводи
Категорија:Албуми на Чалгија саунд систем Категорија:Изданија на Профундус Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2010 година Категорија:Албуми од 2010