Петра Марија Меде (родена на година) е шведска комичарка, танчерка, глумица и телевизиска водителка. Родена е во Стокхолм, а пораснала во Гетеборг. Меде е позната по неколку улоги во комични емисии и како телевизиски водител. Таа е позната надвор од Шведска како домаќин на Евровизија во 2013 година и кодомаќин во 2016 година .

Кариера Во 2009 година, таа била домаќин на „Мелодифестивален 2009“, каде што била одбрана песната на Шведска за Евросонг 2009 и била избрана за најдобра женска комичарка во Шведска истата година.

Во мај 2013 година, Петра била домаќин на Евровизија 2013 во Малме, Шведска по победата на Лорин во Баку претходната година. Нејзиниот настап бил широко признат од ТВ критичарите и новинарите низ Европа и таа настапила во интервалот за време на големото финале. Таа била прва самостојна водителка по скоро 20 години откако Мери Кенеди била домаќин во Даблин уште во 1995 година. Сепак, во 1995 година, натпреварот се состоел од само едно шоу, додека во 2013 се одржале три претстави (две полуфиналиња и финале), и сите биле предводени од Меде.

Во 2015 година, Меде, заедно со Грем Нортон, биле домаќини на концертот Најголемите хитови на Евровизија EBU/BBC по повод 60-годишнината снимен на 31 март во Евентим Аполо, во Хамерсмит, Лондон и емитуван во 27 земји.

Во 2016 година, Меде била ко-домаќин на првото полуфинале на шведскиот Мелодифестивален 2016 со Гина Дирави на Скандинавиум во Гетеборг.

На 14 декември 2015 година, СВТ на прес-конференција објавиле дека Меде и Монс Зелмерлав ќе бидат ко-домаќини на Евровизија 2016. Тоа било вторпат Меде да биде домаќин на натпреварот, придружувајќи им се на Кети Бојл и Жаклин Жуберт како единствени луѓе кои биле домаќини на натпреварот повеќе од еднаш.

Личен живот Меде е полиглот, зборувајќи шведски, англиски, шпански, италијански и француски. Заедно со нејзиниот поранешен партнер Матијас Гинтер, таа има една ќерка родена во 2012 година. Во 2015 година, било потврдено дека таа и Гинтер се разделиле.

Филмографија

Телевизија мини|Петра Меде и Монс Селмерлев на Евровизија 2016 со изведба на „Љубов, љубов, мир, мир“.

Филм

(2014)

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Шведски комичари Категорија:Апсолвенти на Стокхолмскиот универзитет