Аника Далстрем (родена 1941 година) — шведски лекар и професор Емерита по хистологија и невронаука на Одделот за медицинска хемија и биологија на клетките на универзитетот Гетеборг .
Истражувањето на Далстрем се фокусира на тоа како нервните клетки складираат и пренесуваат сигнали, но таа исто така таа има објавено истражувања за многу други области од хистологијата и невронауката. Далструм има објавено над 340 научни трудови. Докторирала на 25 години како најмлад шведски лекар кој се стекнал со докторат. Таа била професор по хистологија и невронаука на универзитетот Гетеборг од 1983 година до пензионирањето во 2008 година.
Далстрем учествувала во дебатата за односот помеѓу полот и функцијата на мозокот . Во 2007 година, таа ја објавила книгата Könet sitter i hjärnan (Полот е во мозокот), деко кое таа го опишала како концентрат на последните 15 години меѓународно истражување на мозокот и како мозокот влијае на однесувањето на човекот. Оваа книга, претежно повикувајќи се на студии извршени пред 1990 година, била јавно критикувана за неточности.Chrapowska, A., Kleberg, J. L., Melchior, L., Wold, A. "Påhittade fakta om könsbiologi utgör missbruk av forskarroll".
Нејзиниот најцитиран научен труд, „Доказ за постоење на неврони што содржат моноамин во централниот нервен систем“, бил цитиран над 5.500 пати заклучно со 2013 година.Google Scholar: Annica Dahlström
Наводи
Категорија:Хистолози Категорија:Шведски биолози Категорија:Родени во 1941 година