Жибек Нукеева (27 февруари 1995 година - 16 јули 2017 година) била киргистанска манекенка и носител на титулата за избор на убавина, кога била крунисана за Мис на Киргистан 2013.

Ран живот Нукеева била студент по бизнис менаџмент и зборувала киргистански и француски јазик.Miss Kyrgyzstan 2013 Profile Порано живеела неколку месеци во Гренобл, Франција. Научила француски јазик во училиштето „Француски сојуз“ (Alliance Française), со седиште во Гренобл.

Семејство Жибек Нукеева станала мајка на машко бебе родено во ноември 2016 година, со нејзиниот сопруг Бакит.

Избор за убавица

Мис на Киргистан 2013 Нукеева била крунисана за Мис на Киргистан 2013, претставувајќи го Бишкек.

Мис на светот 2013 Нукеева се натпреварувала на Мис свет 2013 во Нуса Дуа, Бали, Индонезија. [ потребно е цитирање ]

Смрт Жибек починала на 16 јули 2017 година од хондросаркома, редок рак кој влијае на коските и зглобовите. Таа живеела во Бишкек, Киргистан, но нејзиното семејство ја испратило во Турција да добие поквалитетно лекување. За лекувањето, на „GoFundMe“ за Жибек и биле потребни 80.000 долари (САД), за да се оперира во Прага, Чешка. Но, откако собрале 6.172 долари, таа починала бидејќи ракот веќе се проширил на другите делови од телото. [ потребно е цитирање ]

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница

Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1995 година