Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Општинско основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Новаци; скратено: ООУ „Славко Лумбарковски“) — централно основно училиште во битолското село Новаци, Општина Новаци.
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Атанасиј“.
Објект
Стариот објект на училиштето бил изграден во 1933 година, додека новиот објект во 1993 година. Новиот објект е на два ката и зафаќа површина од 900 м2.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 8.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7. Наставата се изведува во една смена.
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта: ПУ „Славко Лумбарковски“ - Бач; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Добромири; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Далбеговци; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рибарци; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш; ПУ „Славко Лумбарковски“ - Гермијан; и ПУ „Славко Лумбарковски“ - Живојно.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Бач се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Новаци Категорија:Новаци Категорија:Основни училишта во Македонија