Шилести Рид — археолошко наоѓалиште во градот Кочани.
Претставува градиште и некропола од доцна антика.
На зарамнетото плато на Шилести Рид се среќаваат остатоци од утврдена населба. Од бедемот се зачувани темелите градени од камен и варов малтер. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На највисокиот дел од ридот биле откриени и целосно уништени гробови во кои имало керамички садови и монети. Неколку монети се чуваат кај Т. Симов од Кочани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069.
Поврзано Алењак — некропола од железното време; Барутница — населба од римското време; Влашки Ливади - Влашки Бунар — доцносредновековна населба; Горица — населба од железното и римското време; Гропче — средновековна некропола; Кругот на Касарните — некропола од римското време; Раечки Рид — населба од доцноантичкото време; Стари Лозја - Лукобија — некропола од римското време; Тикишински Лозја — некропола од железното време; Трештена Скала — осамен наод од бронзеното време; Цигански Рид — средновековна некропола; Црница — некропола од римското време; Шилести Рид — градиште и некропола од доцноантичкото време; Кочани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Кочани