Карин Асма (17 март 1926 година, Перну, Естонија - 29 јануари 2012 година, Гетеборг, Шведска) била естонско-шведска историчарка на уметност.

Нејзиниот татко бил архитект, а нејзината мајка учителка по уметност. Во 1944 година дипломирала на Вишото женско училиште во Перну. Истата година побегнала во Шведска каде продолжила да студира во Друштвото за занаети и дизајн (сега ХДК) во Гетеборг 1946-1948. Асма подоцна студирала класична археологија, етнографија и историја на уметност и на Универзитетот во Гетеборг и на Универзитетот во Стокхолм .Karin Aasma in Estonian Foreign Biographical Database Во 1960 година, таа се стекнала со диплома - лиценца за философи во историјата на уметноста на Универзитетот во Гетеборг, со лиценцирана теза за внатрешна декорација на цркви во западна Шведска во 1600-тите и 1700-тите години.

Во периодот 1964-1966 Асма работела како кустос во Историскиот музеј во Гетеборг. Како музејски едукатор во Музејот на уметност во Гетеборг работела во периодот 1966-1976 година, предавала историја на уметност на Универзитетот во Гетеборг во периодот 1976-1990 и била кустос во Музејот Рихска во периодот 1976-1991.

Наводи

Категорија:Историчари на уметноста