Ела Елизабет Лемхаген (родена на 29 август 1965 година во Упсала) е шведска филмска режисерка и сценаристка. Во 2012 година таа ја добила почесната награда, „Gullspira“, за нејзиниот исклучителен труд за младинската култура на наградите Гулдбаге (шведскиот еквивалент на Оскарите).

Ран живот Лемхаген е родена во 1965 година во Упсала и била дел од програмата за режисери на Dramatiska Institutets од 1988 до 1991 година. Нејзиното деби во долгометражниот филм било со „Drömprinsen- filmen om Em“ (Принцот од соништата - филмот за Ем) во 1996 година.

Кариера Првиот целосен филм на Лемхаген бил „Drömprinsen- filmen om Em“ чија премиера била во шведските кина во февруари 1996 година. Станува збор за една младо девојче, Ем, која еден ден гледа како изгорува нејзината игротека. Случајно, нејзиниот поглед допира до очите на оној кој е одговорен за огнот, со кого подоцна се среќава и така започнува ново, поинакво пријателство.

Филмот што пред се ја направил Ела Лемхаген позната во јавноста е Tsatsiki, morsan och polisen (Ѕаѕики, мата и полицијата). Се заснова на две книги, напишани од Мони Нилсон-Бранштром наречени Tsatsiki och morsan (Ѕаѕики и мама) и Tsatsiki och farsan (Ѕаѕики и тато). Филмот зборува за осумгодишно момче кое живее со својата самохрана мајка, а неговиот татко живее во Грција. Ѕаѕики сонува да оди таму и да го запознае. Тој се обидува да ја намести својата мајка со полицаецот кој живее во нивната куќа, но таа не е заинтересирана. Еден ден, Ѕаѕики патува за Грција и таму за прв пат се среќава со својот татко.

Во текот на почетокот на XXI век го доживеала пробивот како режисер за филмови наменети и за возрасни, а не само за адолесценти. Во 2008 година таа го режирала филмот „Патрик 1,5“ кој зборува за хомосексуална двојка која само што се преселила во предградието каде што купиле куќа. Тие се пред посвојување на дете, наречено Патрик, кое има една и пол година. Нешто не е во ред со агенцијата за посвојување и детето што треба да го посвојат е Патрик, но тој има 15 години и има проблематично потекло. Станува збор за борбата со која се соочуваат родителите, растејќи проблематичен тинејџер и нивната сопствена борба како геј пар што се обидува да живее „нормален“ живот.

Нејзиниот следен планиран филм бил „Pojken med guldbyxorna“ (Момчето со златните панталони), чија премиера била во септември 2014 година во шведските кина. Тој е римејк на книгата со ист наслов на Макс Лундгрен. Станува збор за момче кое добива златни панталони кои што магично му даваат неограничена сума пари.

Филмографија

Сите патишта водат кон Рим, 2016 Pojken med guldbyxorna (Момчето со златните панталони), 2014 Kronjuvelerna (Кралски накит), 2011 Patrik, 1.5 (Патрик, 1,5), 2008 Tur & retur (Повратна карта), 2003 Järnvägshotellet (Железнички хотел), 2003 Om inte (Ако не), 2001 Tsatsiki, morsan och polisen (Ѕацики, мама и полицијата), 1999 Välkommen till festen (Добредојдовде на забавата), 1997 Drömprinsen- filmen om Em (Принцот од соништата - филмот за Ем), 1996

Награди и номинации

Гулспира 2013 Наградата „Старбој“ за најдобар детски филм на Меѓународниот детски и младински филмски фестивал во Оулу во 2000 година, за Ѕаѕики, мама и полицијата. Гулдбаге награда од 2000 година - освоена за најдобар режисер за Ѕаѕики, мама и полицијата. Гулдбаге награда од 1997 година - номинирана за најдобар режисер за Принцот од соништата - филмот за Ем. Стипендија Курт Линдер од 1996 година за Принцот од соништата - филмот за Ем.

Библиографија и дополнителна литература

Family, without all the drama by Ann Hornaday, Washington, The Washington Post, 20 August 2010. Lyssna och ge förtroende by Eva Westergren, Stockholm, Zoom, edition 8, 1996.

Наводи

Надворешни врски на IMDb

Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски режисери