мини|Марија Квист портрет мини|Марија Квист во нејзината канцеларија Марија „Маја“ Менсон (родена Квист, 5 септември 1879 — 9 октомври 1958) — шведска политичарка и активен член на Социјалдемократите и социјалдемократскта младинска лига.

Биографија Марија Квист била родена како најстара од 11 браќа и сестри; нејзиниот татко бил војник. Многу девојки во тоа време и со слично семејно потекло не добивале формално образование по основното училиште. Но, по училиште, таа посетувала воведен курс во Малме за наставници во мали, рурални училишта. Потоа, таа учела и народно средно училиште Хвилан, најстарата од овие институции во Шведска. Морала да работи од 15-годишна возраст, главно како слугинка во Сканија, а станала активист на 25 години.

Нејзините политички убедувања ја навеле да се приклучи на социјалдемократите, а во 1902 година и на Националното здружение за право на глас на жените. Заедно со други, таа го основала Здружението на домашни работнички во Стокхолм и станала нивна прва претседателка во 1904 година. Во 1910 година, била првата жена избрана во градскиот совет на Гевле.

Таа била особено заинтересирана за правата на жените и се борела за правата на жените работнички, ограничувањето на работното време и образованието на вработените.

Околу почетокот на векот, таа го запознала Фабијан Монсон, левичарски новинар, писател и поранешен војник. Тие почнале да живеат заедно, но не биле законски венчани. Тоа било протест против современите закони за брак, бидејќи жените ги губеле и одговорностите и имотот кога стапувале во брак. Подоцна во нивните животи, на 50-тиот роденден на Фабијан во 1922 година, тие добиле од надбискупот Натан Седерблом благослов за нивната врска и се венчале во 1925 година,откако законите за брак се променијле (од 1920 година па натаму, мажените жени повеќе не биле под законско старателство на своите сопрузи). Тие ги делеле истите политички убедувања: обајцата биле во одборот на Социјалдемократската младинска лига од нејзиното основање па натаму. Марија исто така билаважен придонесувач во делото на Фабијан: таа истражувала историски факти, лектурирала и ги куцала на машина за пишување неговите дела. Категорија:Починати во 1958 година Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Шведски политичари