Основно училиште „Христо Узунов“ (официјално: Општинско основно училиште „Христо Узунов“ - Охрид; скратено: ООУ „Христо Узунов“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Христо Узунов.
Историја
Училиштето отпочнало со работа на 7 ноември 1977 година, со 1.173 ученици, распоредени во 31 паралелка, со две забавишни групи и со 56 вработени. Во 1989 година била извршена надградба на дел од училиштето.
Денес, во училиштето учат 1.219 ученици од прво до деветто одделение, распоредени во 45 паралелки.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Основни училишта во Општина Охрид Категорија:Основни училишта во Охрид Категорија:Училишта посветени на Христо Узунов Категорија:Основни училишта во Македонија