Благој Цанев (роден во Свети Николе на 8 август 1937 година - починал на 27 јули 2020 година во Скопје) — македонски композитор од четвртата генерација македонски повоени композитори. По завршувањето на основното училиште се запишал во средното музичко училиште. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломирал и на одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски, во 1979 година, Скопје. Работел како наставник во oсновното музичко училиште, а потоа и во средното музичко училиште како професор по теорија на музика, хармонија, хорско диригирање, а бил и диригент и на школскиот оркестар. Од 1978 година бил професор на ФМУ Скопје, по предметите солфеж и методика на музичката настава. Покрај ова, настапувал и како предавач на голем број стручни семинари и музички манифестации во земјава и во странство.

Автор е на оркестарско, камерно и хорско творештво, како и на над 10 учебници, и 3 работни тетратки за различните степени на музичкото образование, од кои еден дел се преведени и адаптирани на албански и турски јазик. За својата самопрегорна работа, Благој Цанев бил добитник на највисоките државни награди – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др. За неговите композиции се пишува дека се темелат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот народен мелос.Лексикон на југословенската музика, том 1, стр. 123

Камерните дела заземаат најистакнато место во севкупниот творечки опус на Благој Цанев. Умерен во изразот, овој автор се стремел да даде свој придонес кон трендот на исполнувањето на вакуумот на македонската музика, кој особено се чувствува во литературата за помали инструментални состави. Во таа смисла, забележливо остварување е неговата „Соната за кларинет и пијано ин Ес“. За ова дело Цанев е добитник на наградата Климент Охридски, како и на многу награди на конкурси, Медал за труд и Повелба на Сојузот на музичките педагози на бивша Југославија.

Творештво Во своето музичко творештво Благој Цанев изминал пат од традиционалните форми и традиционалниот композиторски израз кон поразвиените творечки форми и видови. Својот сигурен настап го најавувал уште со својата прва композиција: Сепак, траен белег на неговиот композиторски белег се потпирањето врз македонскиот музички фолклор и умерениот композиторски јазик. Тоа го забележала и музичката критика во која се истакнува дека:

При користењето на фолклорот тој не се ограничувал на еден тип на негова трансформација, туку го користел целиот спектар на работа со него, – од едноставните хармонизации до посложените творечки постапки. Низ нив јасно се согледува рационалниот пристап што резултирал со сосема чисти, јасни и прегледни композиции. Понекогаш дури и со користење на композиторските техники и постапки типични за определени форми од минатите епохи – барокот: Некои од неговите најпопуларни и најизведувани дела, исто така, делумно извираат од традицијата: Иако сведок и добар познавач на авангардните струења од втората половина на XX век, тој во своите дела не тргнал по патот на неизвесното експериментирање, туку останал трагајќи по „музичкото во музиката“: Цикличноста како формално обликување најприсутна е во неговите помали форми, а обемниот хорски опус во најголем дел извира од македонската мелопоетска фолклорна почва. За некои од неговите соло песни, пак, критиката најчесто се изразувала со супрелативи: Речиси сите дела од Благој Цанев се изведени и снимени во Македонија и во странство (сите поранешни југословенски републики, Австрија, Албанија, Бугарија, Италија, Норвешка, САД, Турција, Украина, Франција, Шпанија и други).

Оркестарско Симфонија ‘79,(1979); Барокни варијации „Пасчакона“, – за гудачки оркестар, (1985); Илинденски маршеви, – за дувачки симфониски оркестар, (1985); Секвенци, – за гудачки оркестар, (1989); Песна за 10,447 Македонски композитори 105 пеперутката, – за хор и мандолински оркестар, (1993); Ленто, – за гудачки оркестар, (1996); Концертен став бр. 1, – за пијано и гудачки оркестар, (1999); Концертен став бр. 2, – за пијано и гудачки оркестар,(2000); Девет Минијатури, – за гудачки оркестар, (2002); Ала валс, – за гудачки оркестар, (2003); Концертен став III, – за пијано и гудачки оркестар, (2003-04); Тажен марш, – за гудачки оркестар, (2004); Девет минијатури, – за оркестар флејти, (2004); Пасакаља и пајдушка, – за гудачки оркестар, (2007);

Камерно Контрасти – за виолина и пијано, (1970); Соната ин Ес – за кларинет и пијано, (1972); Гудачки квартет ин Ге, (1976); Суита „Фолклорни канони“ – за дувачки квинтет, (1982); Дувачко трио ин Ас – за дувачко трио, (1991); Илинденски маршеви – за лимен дувачки квинтет, (1996); Концертен став бр.1 – за две пијана, (1999); Концертен став бр.2 – за две пијана, (2000); Концертен став бр.3 – за две пијана, (2003); Концерт, за две пијана, (2003); Фолклорни канони – за флејта, виолончело и пијано, (2004); Пасакаља и пајдушка – за хеликон (туба) и пијано,(2005); Бахофонија, Прелудиум и Фуга ин де, ин Це, ин Е, – за обоа, кларинет, фагот, виолина, виола, виолончело, контрабас и тапани, (2007); Балада без зборови – за гудачки квинтет, (2010); Девет минијатури, за две виолини, (2014);

Солистичко Игра – за пијано, (1952); Песна – за пијано, (1953); Игра – за пијано,(1956); Фолклорна суита „Овчеполка“ – за пијано, (1956); Песна и игра, за пијано, (1957); Три пиеси – за пијано, (1970); Суита интермеца, за пијано, (1971); Варијации – за пијано, (1972); Додекафонски варијации – за пијано, (1972); Фолк Чакона – за соло гитара, (2008);

Хорско Друже Тито – за детски хор, (1957); Стани ми Геле, Ангеле – за еднороден хор, (1957); Јаз‘к јаз‘к – за мешан хор, (1970); Ноќи – за мешан хор, (1971); Тутуноберачите – за мешан хор, (1972); Хумореска „Тиквешанки“ за женски хор, (1977); Јуначка – за женски хор, (1977); Македонски епос – за мешан хор, (1981); Ѕвона – за женски хор, (1982); Камбани, за мешан хор, (1983); Тишина – за женски хор, (1983); Фолклорна кантата „Кумановки“ – за сопран, тенор и мешан хор, (1988); Рамнина, за машки хор, (1989); Капка роса – за женски или детски хор, (1989); Песна за пеперутката – за детски (женски) хор, (1993);

Соло песни „Сонатна“ – стихови: Гане Тодоровски, (1970); „Халуцинација“ – стихови: Васил Икономов, (1971); „Цветови“ – стихови: Славко Јаневски, (1974); „Бдеење“ – стихови: Блаже Конески, (1984);

Вокални минијатури за глас и оркестар Секој нешто знае, (1972); Зимска гатанка, (1972); Тандара бош, (1972); Мама, (1973); Срничка, (1973); Пролетни гости, (1973); На нишалка, (1974); Градинката наша, (1974); Нани, нани, (1974); Игра, (1975); Навредени од жаборок, (1975); Пранвера, (1975); Цвеќенце драго, (1976); Вртоглавица, (1976); Птиците на мирот, (1976); Ешко, (1978); Запеј птицо, (1979); Порака на војникот, (1980); Љубов за Скопје, (1984); Како сум се родил, (1988); Лоша игра, (1989);

Учебници Музичко воспитание за петто одделение „Музички семафор“, Просветно дело, Скопје, 1982 Muzik egizimi sinif V „Muzik semaforu“, Просветно дело, Скопје, 1985 Edukatu muzikore per klasen 5 „Semaforu muzikor“, Просветно дело, Скопје, 1985 Музичко воспитување за трета година просветна структура, Просветно дело, Скопје, 1987 Солфеж, за прва година уметничка струка – музичка насока, Просветно дело, Скопје, 1987 Солфеж за втора година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1987 Музичка култура, за втора година културолошко-педагошки смер, Просветно дело, Скопје, 1990 Солфеж за трета година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1993 Солфеж за подготвително одделение – основно музичко образование, Просветно дело, Скопје, 1993 Солфеж за четврта година, музичка струка, Просветно дело, Скопје, 1995 Работни тетратки Muzik egitimi defteri sinf V, „Semaforu muzikor“ (Просветно дело, Скопје), (1982) Edukatа muzikore per klasen 5 „Muzik Semafori“ (Просветно дело, Скопје), (1982) Тетратка по музичко воспитание за V одделение (Просветно дело, Скопје), (1982)

Наводи

Категорија:Македонски композитори Категорија:Југословенски композитори