Т-27 – советска танкета од периодот пред Втората светска војна.

Историја Без искуство во производство на тенкови, во 1930 година СССР се свртел кон увоз: од Британија биле увезени 8 амфибиски лесни тенкови („Карден Лојд модел 1931“), 30 средни тенкови (Модел Е и Мк II) и 26 танкети (Викерс Карден-Лојд Мк VI). Набрзо биле набавени и два тенка Кристи од САД. Танкетата Мк VI била лесно изменета и пуштена во производство во 1931 година како Т-27 (понатамошните модификации го дале Т-27А).

Одлики Руската верзија на британскиот тенк Викерс Карден-Лојд Мк VI, Т-27 било мало возило со двајца членови на екипажот сместени еден до друг, со моторот зад нив и меѓу нив. Возачот седел лево, а стрелецот од десната страна, зад лесниот митралез ДТ со калибар 7,62 -мм. Нивниот оклоп заштитувал само од куршуми од пушка. Во службата, се покажал дека имаат чувствителни гасеници, што придонесувало за дефекти на нерамен терен.

Позитивни страни на Т-27 биле доверливоста, едноставната конструкција и одржувањето, лесна обука на возачот и брзина на рамен терен. Иако биле поголеми од британските танкети, тие сè уште биле крајно тесни внатре, употребливи само за ниски луѓе. И што е најважно, само командните возила имале радио (последица на неразвиената електрична индустрија во СССР), што целосно ја ограничувало нивната извидувачка улога.

Во борба Во 1932 година, „Т-27“ го сочинувал најголемиот дел од оклопните сили на СССР: Црвената армија имала 65 баталјони од по 50 танкети. Првпат биле користени во борбата против востаниците во Средна Азија vo 1931-1932 година. Нивното учество во Зимската војна било неславно: со тесни гасеници, тие потонувале во снегот (во зимата) и калта (во пролетта) на Финска. До 1941 година, во служба останале помалку од 1.200 и за време на Операцијата Барбароса биле користени во позадина: обука на екипажот, влечење артилерија и пренесување муниција. Некои преживеале до декември 1941 година, кога последен пат биле користени во одбраната на Москва.

Наводи

Литература

Категорија:Советски оклопни возила од Втората светска војна Категорија:Советски тенкови од Меѓувоениот период