Псамата, исто така позната како Нептун X — неправилна месечина на Нептун. Го добила името според Псамата, една од нереидите. Псамата била откриена од Скот Шепард и Дејвид Џуит во 2003 година користејќи 8,2-метарски телескоп Субару. Пред да биде објавено неговото име на 3 февруари 2007 година (IAUC 8802), бил познат под ознаката S/2003 N 1.

Пречникот на Псамата е околу 38 километри. Кружи околу Нептун на растојание меѓу 25,7 и 67,7 милиони километри (за споредба, растојанието Сонце-Меркур варира меѓу 46 и 69,8 милиони километри) и му се потребни скоро 25 Земјини години за да направи една орбита. Орбитата на оваа месечина е блиска до теоретско стабилно одвојување од Нептун за тело во повратна орбита. Со оглед на сличноста на параметрите на орбитата со Несо (S / 2002 N 4), се сугерирало дека двете неправилни месечини може да имаат заедничко потекло од распад на поголема месечина. И двете месечини се подалеку од планетата околу која орбитираат од која било друга позната месечина во Сончевиот Систем.

Поврзано

Неправилна месечина

Наводи

Надворешни врски

Neptune's Known Satellites (by Scott S. Sheppard) S/2003 N1 Neptune Satellite Movie Images (image) MPC: Natural Satellites Ephemeris Service Mean orbital parameters (NASA) IAUC 8193

Категорија:Нептунови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Месечини со повратна орбита