Куќата на обесениот човек (француски: La maison du pendu, Auvers-sur-Oise) е слика работена во маслена техника на платно од 1873 година на Пол Сезан. Сликата е изложена во Музеј Орсе во Париз.

„Куќата на обесениот човек“ била претставена на првата изложба на импресионистите во 1874 година и беше првата слика што Сезан ја продал на колекционер. Селото прикажано на сликата е Овер сир Оаз, 27 км северно од Париз.

Ова дело спаѓа во пораните творби на Сезан, каде што силните бои и цврстата композиција од подоцнежната негова фаза, овде се заменети со полесни линии и потези, прозрачна светлина и композиција која е блиска до импресионистичката светлосна материјалност и реалност.

Наводи

Категорија:Слики од Пол Сезан