Постапувај исправно (англиски: Do the Right Thing) - американски филм од 1989 година, во режија на Спајк Ли, кој е продуцент и автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Дени Ајело, Оси Дејвис, Руби Ди, Ричард Едсон, Џанкарло Еспосито, Рози Перес, Мартин Лоренс, Спајк Ли, Џон Севиџ, Мајкл Туртуро, Бил Нан, Робин Харис, Семјуел Л. Џексон, итн.IMDb, Do the Right Thing (1989) (пристапено на 18.10.2020) Филмот постигнал голем успех кај филмската критика, освојувајќи 20 награди, имал и 17 други номинации (две за „Оскар“, четири за „Златен глобус“, за „Златна палма“ итн.), а во 1999 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.IMDb, Do the Right Thing (1989)Awards (пристапено на 18.10.2020)
Синопсис Муки (го игра Ли) е млад Црнец кој работи во пицеријата која ја водат таткото Сал (го игра Ајело) и неговите синови Пино (го игра Туртуро) и Вито (го игра Едсон). Пино е расист и ги мрази Црнците, поради што постојано се расправа со Вито, кој се дружи со Муки. Во улицата живеат повеќе карактеристични ликови, како што се: стариот добродушен алкохоличар кого го викаат Градоначалникот (го игра Дејвис) и кој се обидува даја привлече жената која ја нарекуваат Мајката Сестра (ја игра Ди); момчето наречено Радио Рахим (го игра Нан), кој постојано шета со својот огромен касетофон и гласно пушта една иста песна; водителот на локалната радио-станица (го игра Л. Џексон), кој се обидува да им подари малку забава на своите сограѓани итн. Еден од жителите на улицата, наречен „Багин-Аут“ (го игра Еспосито), се обидува да организира бојкот на пицеријата на Сал, зашто тој одбива да закачи на ѕидот фотографии на успешни Црнци, но никој не му дава поддршка. Од друга страна, Пино се обидуав да го наговори Сал да ја преселат пицеријата на друго место, но тој одбива да се исели. Вечерта, „Багин Аут“ и Радио Рахим влегуваат во пицеријата и бараат Сал да стави фотографии на Црнци на ѕидот. Тогаш доаѓа до остра кавга меѓу нив и Сал го уништува касетофонот на Радио Рахим, а тој го напаѓа Сал. Набрзо пристигнува полицијата, која ја прекинува тепачката, но притоа го убива Радио Рахим. Присутните сведоци го обвинуваат Сал за смртта на Рахим. Градоначалникот настојува да ја вразуми толпата, но таа, предводена од Муки, најпрвин ја уништува, а потоа ја пали пицеријата. За кратко време пристигнуваат полицајците и пожарникарите и така започнува тепачка меѓу нив и жителите на улицата. Утредента, Муки оди кај Сал и бара да му ја исплати платата. Филмот завршува со два цитата: едниот на Мартин Лутер Кинг кој го осудува насилството, а другиот на Малколм Икс кој го оправдува насилството како средство за одбрана.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Спајк Ли Категорија:Филмови со Дени Ајело Категорија:Филмови со Оси Дејвис Категорија:Филмови со Ричард Едсон Категорија:Филмови со Руби Ди Категорија:Филмови со Бил Нан Категорија:Филмови со Мајкл Туртуро Категорија:Филмови со Семјуел Л. Џексон Категорија:Филмови со Џон Севиџ Категорија:Филмови со Џанкарло Еспосито Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови на италијански јазик