„А бре Ѓоре, лажго Ѓоре“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Во песната, авторот го укорува насловниот Ѓоре, кој што бил непоправлив и компулсивен лажго. Песната има јасен хумористичен карактер.
Одлики Аранжманот е во 4/4 такт, а испеана е неколку пати од Јонче Христовски и еднаш, за прв пат, заедно со Трпе Череповски.изд. 1967 на ВБУ музички регистар
Текст А бре Ѓоре, Ѓоре, лажго Ѓоре, абре Ѓоре, лажго Ѓоре, кога уста ќе отвориш море, мора лага да прозбориш, кога уста ќе затвориш, море, тогај нова лага кроиш.
А бре Ѓоре, Ѓоре, лажго Ѓоре, абре Ѓоре, лажго Ѓоре, на моми се фалиш, збориш море, дека имаш нова куќа, а ти немаш ни копшара море, а камо ли нова куќа.
А бре Ѓоре, Ѓоре, лажго Ѓоре, абре Ѓоре, лажго Ѓоре, на моми се фалиш, збориш море, дека имаш врана коња, а ти немаш ни криво магаре, а камоли врана коња.
А бре Ѓоре, Ѓоре, лажго Ѓоре, абре Ѓоре, лажго Ѓоре, на моми се фалиш, збориш море, дека имаш триста овци, а ти немаш триста вошки, море, а камо ли триста овци.
Наводи
Надворешни врски А бре Ѓоре, лажго Ѓоре (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни