Јурутлук — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ќоселари. Претставува населба од неолитско време. Во нивата на Ш. Георгиев, што се наоѓа на 2 км северозападно од селото и 150 м југоисточно од железничката пруга Велес - Кочани, со површина од 250 × 150 м, има фрагменти од керамички садови, претежно со црвена и кафеава боја, како и фрагменти сликани со темнокафеава боја, кои се слични на керамиката од средно неолитските слоеви во населбата Барутница во Амзабегово (III-IV). Исто така, присутни се и парчиња од куќен лепеж.
Поврзано Банка Трла — населба, базилика и некропола од доцноантичкото време; Јурутлук — населба од неолитското време; Крангова Бавча — населба и некропола од доцноантичкото време; Манастир — средновековна населба и црква; Над Чешма — населба од неолитското, хеленистичкото и римското време; Ќоселари; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ќоселари