1541 Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франсиско Писаро. 1819 Патентиран е велосипедот. 1941 Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија. 1945 На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации. 1948 Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР. 1948 Вилијам Шокли го патентирал транзисторот. 1959 Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите Езера. 1960 Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност. 1963 Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“. 1976 Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот. 2000 Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени. 2015 Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава.
26 јуни