Скол или Сатурн XLVII (привремена ознака S / 2006 S 8) е повратна неправилна месечина на Сатурн. Неговото откритие било објавено од Скот Шепард, Дејвид Џувит и Јан Клејна на 26 јуни 2006 година од набљудувањата земени помеѓу 5 јануари и 30 април 2006 година.IAUC 8727: Satellites of Saturn 30 June 2006 (discovery)

Пречникот на Скол е околу 6 километри (под претпоставка дека албедото е 0,04) и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 17,6 Гм (милиони км) за 869 дена, следејќи ја многу ексцентричната и умерено наклонета орбита.

Името го добил во април 2007 годинаIAUC 8826: Satellites of Jupiter and Saturn 5 април 2007 (именувајќи ја месечината) по Скол, џиновски волк од нордиската митологија, син на Фенрир и брат близнак на Хати.

Наводи

MPC: Услуга за ефектури на природни месечини Средни параметри на орбитата од НАСА ЈПЛ

Надворешни врски

Страниците на Дејвид Џувит

Категорија:Астрономски тела откриени во 2006 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Неправилни месечини Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Нордиска група Категорија:Месечини со повратна орбита