Лидија Тасевска (10 јануари 1970, Куманово) – пратеник во Собранието на Македонија.
Животопис
Образование Основно и средно образование завршува во Куманово, дипломирала на Филолошки факултет при УКИМ. Магистер е на економски науки од областа на бизнис менаџмент.
Кариера Работи како наставник по македонски јазик и литература во СОУ „Гимназија“ Гоце Делчев, каде подоцна станува и заменик директор. Оттаму ја презема позицијата директор на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.
На парламентарните избори во 2016 година настапува како кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата при што влегува во составот на Собранието на Република Македонија.
На парламентарните избори во 2020 година е реизбрана за пратеник.
Наводи
Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Родени во 1970 година Категорија:Македонски пратеници Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Пратенички состав 2020-2024