Градиште или Чука — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Нерав. Претставува градиште од доцноантичкото време. На две ниски ритчиња со преслап помеѓу нив, се гледаат остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер, широк 2 м. По површината се среќаваат делови од керамички садови со груба фактура, питоси и многу градежен материјал.

Поврзано Градиште I - градиште од доцноантичкото време; Градиште II - градиште од доцноантичкото време; Грамади - населба од римското време; Кошари - населба од доцноантичкото време; Селиште - градиште од доцноантичкото време; Нерав; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.

Наводи