Мислителот () – една од најпознатите скулптури на францускиот вајар Огист Роден. Скулптурата претставува гол маж кој седи замислен со раката на брадата. Направена е од мермер и бронза, а денес се наоѓа во Музејот Роден во Париз.Rodin Museum
Роден на својата скулптура ѝ дал поетско значење, прикажувајќи го Данте пред „вратата” на пеколот. Денес постојат повеќе од 20 копии на оригиналното дело во слични димензии, додека многу е поголем бројот на оние кои се помали.
Скулптурата првично била замислена како дел од Роденовото дело Вратата на пеколот (). Меѓутоа, сепак се одлучил скулптурата да ја изведе самостојно. Мислителот денес има култен статус и претставува симбол на филозофијата и интелектуалната активност.
Поврзано
Огист Роден Данте Алигиери Божествена комедија
Наводи
Надворешни врски
Мислителот на официјалното мрежно место на Музејот Роден.
Категорија:Дела од Огист Роден