Преспански клен (Squalius prespensis)Службен весник на Р.М бр.145 2011 г. е вид слатководна риба од семејството Ципириниди, кој расте до 25 см.. Првично бил опишан како подвид на европски клен.

Преспанскиот клен е ендемски вид риба во сливот на Преспанското Езеро, поделен помеѓу Албанија, Грција и Северна Македонија.Crivelli, A.J. (2006). "Squalius prespensis". The IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2006: e.T60401A12358868. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T60401A12358868.en. Retrieved 10 January 2018. Изобилува во рамките на ограниченото живеалиште и се чини дека се зголемил во изобилство во последните неколку години. Сепак, тоа е потенцијално загрозен вид од прекумерен риболов, екстракција на вода и загадување.

Опис и распространетост Телото на преспанскиот клен е вретенесто, покриено со крупни лушпи кои на рабовите се потемни па целото тело поприма мрежест изглед, Оваа особина е многу поизразено кај повозрасните единки. Попречниот пресек на телото е скоро цилиндричен. Грбната страна на телото е темнозелена, страните се сивкастожолти до сребренести, а стомачната страна е сребрено бела. Перките се со посветла или потемна нијанса на темносива боја. Градните перки се портокалови, а стомачните и аналната црвеникави. Главата е голема, широка, устата е терминална и голема. Врвот на горната усна е скоро на висина на средината на очите.

Основни биолошки одлики Половата зрелост кај машките претставници на преспанскиот клен настапува и во втората година (најчесто во третата година од животот), додека пак кај женската популација една година подоцна. Кленот во Преспанското Езеро се мрести од април до јуни обично на каменеста подлога. Мрестот е порционен. Плодноста на женките изнесува меѓу 100 000 и 200 000 ситни јајца. Пречник на икрата се движи од 0,7 мм до 1,5 мм во зависност од количината на исфрлена икра. Икрата има леплив слој и се прилепува за подлогата. Развојот на ембрионите во јајцата трае околу една седмица. Преспанскиот клен е ендемски вид карактеристичен само за Преспанското Езеро и водите кои се притоки на езерото. Максималната должина на кленот изнесува 80 см, а масата 4 кг. Животниот век на кленот е околу 20 години. Кленот добро поднесува варирање на температурата на водата, па затоа се среќава и во студени води на притоките на Преспанското Езеро како и во самото езеро. Живее во мали јата, особено помладите единки, кои се среќаваат при површината на водата. Со староста кленовите се повеќе живеат поединечно и тоа помалку или повеќе има постојани места (под корења, вирови, водени препреки и др.). Кленот се храни скоро со секаква храна (растителна и животинска): инсекти и нивни ларви, црви, ракови, мекотели, рибја икра, други риби, жаби и др. Постарите единки се повеќе грабливи.

Значење Месото на кленот е доста вкусно иако има ситни коски. Ценет објект е на рекреативните риболовци.

Наводи

Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби во Преспанско Езеро