Кула — археолошко наоѓалиште во охридското село Песочани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од доцноантичко време и средниот век.

Се наоѓа на околу 500 м источно од селото, на левиот брег на реката Сатеска, северно и североисточно од Новоселско и Песочанско Поле. Претставува особено доминантен рид кој на североисточната страна е поврзан со ред пониски ритчиња означени со заедничкото име Габер. Зарамнетиот дел бил утврден со тврдински ѕид, најверојатно од времето на доцната антика па сè до развиениот среден век.

По површината се забележуваат грамади од камења кои се од урнати градби градени од кршен камен, тули и варов малтер. Има и податоци за ѕидови градени од камен и кал. Присутна е и фрагментирана садова и градбена керамика. Во југоисточното подножје на ридот се забележуваат остатоци од други градби.

Се претпоставува дека на ова место бил подигнат стариот средновековен град Дебрец.

Поврзано Дебрец Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи