Свети Димитриј — главна селска црква во кичевското село Атишта, Македонија.
Црквата се наоѓа на самиот влез во селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа северозападно од селото Атишта.
Историја
Црквата била подигната во 1936 година. Претходно на тоа место се познавале рушевини од постар храм. Изградбата на црквата завршила во 1938 година.
Архитектура Иконостас
Иконостасот, целиот во резба, бил изработен неколку години по изградбата на црквата. Иконите во иконостасот се дело на браќата Доне и Илија Донески од мијачкото село Гари.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Атишта
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Атишта Атишта Категорија:Македонската архитектура во 1936 година Димитриј, Атишта