Бабин Дол — археолошко наоѓалиште во Кавадарци.

Претставува населба и некропола од римско време Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 150, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 На 5 км источно од градот, во непосредната близина на зградата на ЗИК „Тиквеш“, во лозјето на Т. Мишов се откриени гробови „на две води“ градени од тегули. Откриена е монета од царот Октавијан Август со претстава на Јанус на реверсот. По површината на останатите лозја има многу фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Монетата се чува кај Трајко Мишов од Кавадарци.

Поврзано Бабин Дол — населба и некропола од римско време; Бегова Падина — населба од бакарно време; Бел Град — населба од доцна антика; Гавалиница — некропола од римско време; Гумнињата — некропола од римско време; Дисанско Мовче — некропола од доцна антика; Желковец — некропола од римско време; Карамански Рид — населба од римско време; Ливадиште — некропола од римско време; Малинови Куќи — населба и некропола од доцна антика; Манастир — населба и некропола од доцна антика; Овово - Мечкин Дол — населба и некропола од римско време; Селиште — населба од доцна антика; Ума — населба од римско време; Црквиште — некропола од доцна антика;

Наводи