Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо — музички албум на македонската група „Фолтин“, објавен во 2008 година како издание на Културно-информативниот центар - Скопје.
Список на песни Албумот содржи пет песни, обележани како:Фолтин, Оваа трансплантирана машина за чукање, КИЦ - Скопје 001, 2008. 131 87 128 120 110
Опис на албумот На албумот настапуваат:Фолтин, Оваа трансплантирана машина за чукање, КИЦ - Скопје 001, 2008. Бранислав Николов - глас и гитара Пеце Трајковски - дигитален акордион преку микрокорг Пеце Николовски - кларинет и каос пад Гоце Јовановски - бас гитара Славе Јовев - тапани Марјан Станиќ - кахон, зил, лажици, кабаса, компакт конга, амбиентални удиралки
Песните се снимени и продуцирани во студиото „Тра-ла-ла“ во Скопје, во јануари 2008 година. Музиката и текстовите се дело на „Фолтин“ (во песната 120 користени се стихови од песната „Везилка“ на Блаже Конески и „Ленка“ на Коста Рацин), а албумот го продуцирале Мите Димовски и „Фолтин“. Дизајнот на албумот е дело на фирмата „Arts & Crafts“, а албумот е објавен со помош на Министерството за култура на Македонија и Градот Скопје.Фолтин, Оваа трансплантирана машина за чукање, КИЦ - Скопје 001, 2008.
Наводи
Категорија:Фолтин Категорија:Албуми на Фолтин Категорија:Изданија на КИЦ - Скопје Категорија:Појавено во 2008 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2008 година